Проширена гасоводната мрежа за 350 метри на улицата „Ѓорѓи Трајков’’

Поставувањето на гасоводната мрежа на улицата „Ѓорѓи Трајков’’ се завршува, известуваат од Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица гас“.

Новата делница е долга 350 метри и поточно се наоѓа позади фабриката „Герас Цунев“, до крстосницата со улицата „Младинска, На проширување на гасоводната мрежа во овој дел од градот се работи од минатиот месец и според директорот на „Струмица гас’’, Зоран Китанов, работите успешно се изведени.

gas 350 metri 004

„Денеска се врши испитување кое го прават луѓе од Машинскиот факултет и истото се одвива нормално. Сега еден час се испитува на притисок од шест бара, а потоа 24 часа на четири бара, не се сомневаме дека се ќе биде во ред, како што впрочем и секогаш било така. Вообичаено, а согласно нашиот менталитет, додека се градеше оваа мрежа од 350 метри направивме четири приклучоци на домаќинства кои се наоѓаат на овие улици, па затоа упатувам и еден апел до граѓаните кои се заинтересирани да не чекаат октомври, ноември, туку навремено да ни се јавуваат за да можеме да ги реализираме приклучоците’’ – изјави Китанов.

gas 350 metri 003

Tој додаде дека во општина Струмица ќе се продолжи со изградбата на гасоводната мрежа согласно проектната документација за оваа година.

Comments are closed.