Во петок во живо „Ѕвездичките на Пинк’’, можете да гласате за Трајче Ѓоргиев

Во петок (12 јуни) со почеток во 20:00 часот, на телевизиите „Пинк’’ и „Сител’’ во живо ќе се пренесува првата полуфинална вечер на музичкото шоу „Ѕвездичките на Пинк’’.

Помеѓу младите музички ѕвездички ќе настапи и Трајче Ѓоргиев, а гледачите преку СМС гласање ќе одлучат кој ќе се пласира во втората финална вечер.

„Драги мои, овој петок вие со вашите гласови одлучувате дали ќе продолжам во втората полуфинална вечер. Гледајте Тв Сител и Тв Пинк и гласајте за мене!’’ – порача младиот струмичанец на својот фејсбук профил.

Comments are closed.