Оваа недела две кражби и шест нарушување на јавен ред и мир

Викендица и товарно моторно возило се ограбени во минатата недела во Струмица при што е направена материјална штета од 14.000 денари, известуваат од СВР Струмица.

Од 1 – 7 јуни, во полицијата се пријавени шест нарушувања на јавен ред и мир, а се случила и една сообраќајна незгода во која е повреден мотоциклист.

policija prirucnik 018

Полицијата спровела контрола на техничката исправност на автобусите и такси возилата кои вршат јавен превоз на патници и на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Во двете контроли, констатирани се 41 прекршок.

Comments are closed.