Трајче Ѓоргиев во топ 16 на „Звездичките на Пинк’’

„Hoy tengo ganas de ti“ е музичката нумера која вечерва Трајче Ѓоргиев го одведе во понатамошното натпреварување во „Звездичките на Пинк’’.

„Ниту помузикално дете, ниту повеќе трема’’ – вака го прокоментара Леонтина Вукомановиќ настапот на младиот струмичанец.

Гоца Тржан го пофали Трајче дека вечерва конечно покажал мимика во интерпретација додека Хари Мата Хари изјави дека тој веќе почнал сериозно да пее.

Comments are closed.