Сузана Мицева добитник на наградата „Антологија на болката“ на Рацинови средби

Необјавена стихозбирка „Мостот на копнежите“ на новинарка и поетеса Сузана Мицева од Струмица, ја освои наградата „Антологија на болката“ на годинешните Рацинови средби во Велес.

Стихозбирката со љубовна поезија „Мостот на копнежите“ е дебитанско дело на Мицева.

„Стихозбирката е  еден слоевит книжевен труд чии внатрешни единици се поврзуваат со метафората на мостот, како спојувалка, како приближување на две оддалечености, како собирање на сите аспекти на љубовниот копнеж во еден миг а во тој миг сите причини заради кои душата има потреба од друга душа, објаснувајќи ја делбата на својот свет со некој друг свет како нуж ност преку која се расне во повозвишен вид човек“ – ги пренесува впечатоци на жири комисијата ДУМА.МК.

rodokrajni-poetski-sredbi-108

Наградата „Антологија на болката“ на Сузана Мицева ќе и биде врачена на свеченото отворање на 52-те Рацинови средби кои ќе се одржат на 11 и 12 јуни во Велес.

Comments are closed.