Во мај се запишале 38 првачиња повеќе во однос на минатата година

Во текот на месец мај во прво одделение за наредната 2015/2016 година во општинските основни училишта се запишале вкупно 482 ученика. Според податоците добиени од матичната служба треба да се запишат уште 230 ученици. Од одделението за образование при општина Струмица, денеска информираа дека очекуваат овие ученици да се запишат до почетокот на новата учебна година во септември.

DSC_4201

-Во некои училишта повеќе од 90 посто е исполнет цензусот, како на пример, во училиштето „Видое Подгорец“ во Струмица се запишале 102 ученика во текот на месец мај, останува да се запишат уште 11 според податоците од тој реон, тоа е доста висока бројка во однос на минатата година. Голем интерес има и во основното училиште „Сандо Масев“ каде што има запишано 110 ученици, овој реон е малку поголем па во летниот период останува да се запишат уште 52 ученика. Во општинското основно училиште „Никола Вапцаров“ се запишале 106 ученици и останува да се запишат уште само 20 ученици. Ова значи дека мал е бројот на учениците кои треба да бидат запишани во текот на летниот период. Ако направиме споредба со запишувањето во минатата година во истито термин ќе видиме дека до 30 мај се запишале 444 ученици, а оваа година имаме 482 ученика, што значи бројот се зголемил за 38 ученици. Вкупниот број на ученици кои се запишале минатата година изнесува 595, а ние досега имаме 482 и по мојата проценка оваа година ќе имаме над 600 ученици, рече Петар Киров советник за образование во општина Струмица.

Comments are closed.