Струмичка гимназија има најдобар средношколски хор

Учениците од Средното општинско училиште „Јане Сандански’’ освоија прво место на државниoт натревар во хорско пеење во Кавадарци.

Триесетипет хористи од струмичката гимназија се претставија со задолжителната композиција „Chi la gagliarda’’ и уникатната кавер верзија на Amen со „This little light of mine’’.

snip

 

„Стручното жири повторно остана фасцинирано од големата позитивна енергија и прекрасните гласови на нашите хористи кои прв пат учествуваа како мешан, наместо, женски хор’’ – ги пренесуваат впечатоците гимназијалците на училишниот сајт.

snip 2

За натпреварот, учениците се подготвуваа под менсторство на Анита Станковска.

Comments are closed.