Анкета на „НОВУС’’ – Општина Струмица- отчетна, партиципативна и транспаретна општина по мерка на граѓаните

Целта на овој проект е да се дојде до релевантни и сеопфатни податоци за тоа колку граѓаните и граѓанскиот сектор се задоволни од услугите што ги нуди единицата на локалната самоуправа, како и да се детектираат евентуалните слабости во работењето на општината во насока на транспаретно, отчетно и ефикасно работење. Воедно со овој проект ќе се настојува да се поттикне здружено делување на НВО организациите од општина Струмица во насока на заеднички пристап кон мобилизирање на што поголем број на граѓани да се поттикнат да бидат коректив на локалната власт и активно да влијаат врз работата на општината.

novus-naslovna1-700x261
Преку овој проект ќе се настојува и корисниците да дадат свое гледање за ефикасноста во давањето на услугите, можностите за пристап на информации од јавен карактер, постоењето на соодветен систем, процедури и постапки со кои се гарантира постојаноста на квалитетот во работата на општината и дистрибуција на општинските услуги до граѓаните.
Како долгорочна и основна цел од демократски аспект, ја лоциравме потребата граѓаните во што поголема мера да партиципираат во процесот на донесувањето на одлуките и во креирањето на локалните политики и важните стратешки документи, кои што нив директно или индиректно ги засегаат.
Воедно, токму финалниот продукт, студијата од истражувањето, ќе биде документот кој што ќе биде дистрибуиран до сите владини институции, НВО организации и граѓани, преку кои се надеваме дека ќе има силен импакт во поттикнување на партиципативност на граѓаните во процесот на донесување на одлуки.
Еден од начините за собирање на податоци за успешна имплементација на проектот е анкетирање на околу 250 граѓани во сооднос 60% од градот и 40% од руралните места, запазувајќи го соодносот 50% мажи и 50% жени. Тоа е репрезентативен примерок преку кој ќе се добие јасна слика за тоа колку граѓаните, сметаат дека општина Струмица е отчетна и транспарентна општина по мерка на граѓаните.

АНКЕТА

Comments are closed.