Ајдуци повикуваат за поддршка на ФК „Беласица’’

Ајдуци повикуваат за поддршка на ФК „Беласица’’

486087_311732908955152_1404310260_nФК Беласица е клубот на нашата младост,Ајдуци повикуваат за поддршка на ФК „Беласица’’ ФК Беласица е гордоста наша , со нејзините успеси се гордееме сите ние. Во овој период за жал на нашата љубов и се случија многу црни моменти а еден од тие беше испаѓането на клубот во трета лига исток.

За жал, тогаш многу струмичани ја заборавија ФК Беласица, додека поголем дел се бореа до крај за враќање на реномето на клубот. Конечно оваа битка беше добиена оваа полусезона кога најголемиот виновник за оваа ситуација во клубот замина. Сега ФК Беласица ги прави првите чекори кон враќањето на местото кое го заслужува а тоа е врвот. А сите знаеме дека првите чекори се секогаш најтешките. Затоа сите од прв до последен , на сите нас кои срцето ни чука во кенгруски такт во чест на нашата ФК Беласица, да дојдеме сите во 15 часот пред Воденичката од каде што сите заедно ќе направиме караван до Радовиш и да покажеме кои се боите и кој е најголемиот клуб во Источна Македонија, а тоа е нашата Беласица.

А порака да играчите на клубот : Го носите дресот на клуб кој вреди многу повеќе од дрес на обичен клуб, го носите дресот кој го сонува секој млад струмичанец , па затоа во nедела дресовите кои ги носите на себе нека бидат облиени од пот бидејќи зад вас стои цела Струмица. Да ги вратиме деновите кога со нетрпение се чекаше nедела и следниот натпревар на ФК Беласица. Затоа сите заедно во Радовиш да ја дадеме поддршката на овие момци и овој натпревар да влезе во историјата на ФК Беласица и да остане вечно запаметен во нашата меморија.

Comments are closed.