Младиот Петков од Академија „Пандев’’ на проба во Сампдорија

Игор Петков, седумнаестогодишниот фудбалер на „Академија Пандев’’, се наоѓа на проба во италијанскиот прволигаш Сампдорија, пишува Спортмедиа.мк

Тој во Италија треба да остане до недела, а со екипата на „Џенова’’ ќе учествува на интернационалниот турнир „Андреа Бошоне” кој ќе се одржи во Торино.

petkov-624x351

За Петков, оваа е втор пат да се наоѓа на проба во италијански клуб откако  во 2012 година беше во Фиорентина.

 

Comments are closed.