Реализирана сообраќајно-воспитна активност во ООУ „Гоце Делчев“-Вељуса

Во рамките на кампањата за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, во општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од селото Вељуса за учениците од предметната настава се реализира активност со нагледно предавање за практично постапување на децата во движењето низ населено место, мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот, подигнување на јавната свест и запознавање со сообраќајните знаци и основните правила за движење по отворен необележан пат и крстосници. Во врска со активноста, учениците изработија свои ликовни творби за сообраќајната култура, кои во текот на наредниот период ќе бидат дел од ликовната изложба на таа тема.

SAM_1505

На учениците им беа поделени флаери со пораки за поголема безбедност во сообраќајот, тестови за решавање на сообраќајни проблеми, сообраќајни реквизити и нагледни средства.

IMG_5900

Предавањето е спроведено од дипломираниот сообраќаен инженер Ѓорги Аризанов, претставник од општина Струмица, а во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата-Струмица.

IMG_5912

Оваа кампања е дел од циклусот на активности која се спроведува во месеците април и мај за поголема безбедност на ранливите групи учесници во сообраќајот: децата, велосипедистите, мотоциклистите, пензионерите и слични групи.

Comments are closed.