Струмица најдобра меѓу 44 општини по добро владеење, транспарентност и отчетност

Од 28 до 30 април општина Струмица учествуваше на меѓународната конференција за размена на најдобри европски практики во мониторинг и борба против корупцијата на локално ниво која што се одржа во Охрид. На конференцијата беа презентирани резултатите од проектот „Лотос“ кој траеше повеќе од една година во  44 општини во Република Македонија, меѓу кои и општина Струмица.

Според 74 индикатори, општина Струмица е прва општина во Македонија по добро владеење, транспарентност и отчестност.Според Марија Гарванлиева, раководител на одделението за внатрешна ревизија и координатор на групата за изработка и имплементација на антикорупциската политика на општина Струмица, на градоначалникот Зоран Заев и на општинската администрацијатие им беше оддадено јавно признание на меѓународната конференција во Охрид која што се одржа под покровителство на Европската унија.Проектот „Лотос“ значи локална, одговорна, транспарентна и отчетна самоуправа. Го спроведуваа пет невладини организации од Македонија и невладината „Гонг“ од Хрватска. Општините беа поделени на региони, а за нашиот источниот регион беше одговорна невладината организација „Ехо“ од Штип. Овој проект се спроведуваше преку 74 индикатори кои покажуваа колку општините се одговорни, транспарентни, отчетни, колку локалната самоуправа, односно, општинската администрација е отворена кон граѓаните, колку граѓаните партиципираат во донесувањето на локалните политики и буџетот на општина Струмица и други индикатори кои што со нивното оценување и давање на релевантни докази по секој иникатор, беа  рангирани со одредени поени според утврдената методологија во проектот „Лотос“.

Горда сум што можам ова да го кажам, од тие 44 општини кои беа опфатени со проектот, по сите индикатори општина Струмица беше прва и на оваа меѓународна конференција која што се одржа под покровителство на Европската унија и беше оддадено јавно признание на општинската администрација дека од сите тие општини во Македонија, Градоначалникот со локалната самоуправа се први во Македонија и нашето искуство на кој начин ние сме отворени како администрација кон граѓаните, на кој начин граѓаните учествуваат во донесувањето на локалните политики и на буџетот на општината, како сето тоа е документирано во нашата општина. Најважно од се е дека тие 74 индикатори според кои општина Струмица е прва во Република Македонија, се всушност алатки за борба против корупцијата во Македонија. Сакам да нагласам дека проектот „Лотос“ и регионалната конференција се всушност практики за следење на антикоруптивните мерки на локално ниво, што значи дека преку тие индикатори општина Струмица е прва во борбата против корупцијата во Република Македонија, рече Гарванлиева.

Comments are closed.