Честитка од градоначалникот Зоран Заев по повод Меѓународниот ден на трудот

Честитка од градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, по повод Меѓународниот ден на трудот

заев

Почитувани сограѓани , почитувани работници

Од мое лично име и од името на вработените во општинската администрација, Ви го честитам меѓународниот Ден на трудот 1. Мај со желба за успех во работата, достоинствен третман од општеството и заедницата кон вашиот вложен труд  и соодветна валоризација на истиот.

Вие сте најважната и нераскинливата алка во  стопанските и општествените текови во општината и државата, и како такви ја заслужувате сета почит и внимание. Бидете горди на она што го работите, но секогаш бидете истрајни во борбата за задоволување на вашите работнички права.

Честит, плодотворен и вековит нека ви биде Денот на трудот.

Comments are closed.