Спречено самоубиство на 24 – годишна струмичанка во Скопје

Дваесет и четиригодишна девојка од Струмица завчера околу 23 часот се обидела со скокање од балкон на зграда на бул.„Видое Смилески Бато“, да изврши самоубиство.

vvv

Имено, на 26 април, на бул.„Видое Смилески Бато“ по предходна пријава дека непознато женско лице се обидувало да изврши  самоубиство  со скокање од балкон  од зграда, од страна на Единицата „Алфа“ по превземени мерки насилно била отворена вратата по што на балконот затечена била 24 годишна жена од Струмица и истата била спречена во намерата да изврши самоубиство.

По извршениот разговор утврдено е дека истата неколку месеци живеела со М.А.(31) од Скопје со кого подолго време имале меѓусебни недоразбирања и истиот ден околу 18,00 часот истиот излегол од станот и ја заклучил по што таа по некое време се обидела да изврши самоубиство.

Од страна на полициски службеници М.А. е приведен и извршен е разговор, а по целосно расчистување ќе следи соодветен поднесок.

 

Comments are closed.