Гасоводната мрежа во Струмица се испитува по сите европски норми

Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица гас“ интензивно работи на проширување на гасоводната мрежа. За неполн месец завршено е проширувањето за нови 700 метри кое почна од урбаниот блок 36, односно, од поранешната касарна.

11100977_958469007504946_1476307946_nВо текот на денешниот ден се вршеше испитување на гасоводната мрежа од страна на екипи од републичките инспекторати и машинскиот факултет во Скопје. Според директорот, Зоран Китанов, овој начин на испитување се врши по сите европски норми и мерки.Имено, оваа мрежа треба да работи на четири бара притисок, но кога се испитува, се испитува со 30 посто поголем притисок, што значи, сега се испитува на шест бара и така ќе стои еден час и после тој час, истата треба да биде пак шест бара што покажува дека нема никаква пропустливост.

11165970_958468997504947_339606639_n

По ова се остава 24 часа на четири бара, што значи утре ова време ние повторно ќе ги провериме манометрите и доколку е се во ред, а се надевам дека ќе биде така, бидејќи, претходниот ден имавме пробно испитување и ни покажа дека е во перфектна состојба, после тоа си оди нормално за пуштање во употреба. Горд сум што ова го завршивме во кус временски период, останува уште да се санираат тротоарите и се е завршено. Во последните три дена веќе пет домаќинства дојдоа да склучат договори од овие локации овде, што значи луѓето ја гледаат предноста и ја сакаат гасификацијата и верувам дека ова ќе продолжи и понатаму.

11165970_958468997504947_339606639_n

Од следната недела продолжуваме да работиме позади фабриката „Герас Цунев“ каде имаме поголем број заинтересирани. Инаку, денешниот начин на испитување е по сите европски норми и мерки, како се испитува во Германија, Англија, Холандија, така се испитува и овде и досега не сме имале никаков проблем, верувам, така ќе биде и денеска, и ние ќе продолжиме да си ги градиме мрежите според потребите на општината и средствата, бидејќи знаете дека се финансираме од буџетот на општина Струмица, рече Китанов.11186396_958469004171613_1081513089_n

 

Comments are closed.