Струмичките гимназијалки најдобри соло пеjачи на овогодишниот МАССУМ

Средното општинско училиште „Јане Сандански’’ се врати со две награди во соло пеење од државниот натпревар МАССУМ кој се одржа во Велес. Во конкуренција од 70 учесници, Ангела Илиева освои прво место, додека Ана Цамбулева го зазеде второто место.

slik-533x400

„Организацискиот технички пропуст не ги збуни нашите ученички и успејаа да го воодушеват жирито изгледајќи како да пеат пред илјадници луѓе. Доказ за тоа е големото и најретко отстапување на жирито кое годинава додели две награди во една иста категорија за учесници од исто училиште. Претставниците на нашето училиште покажаа извонреден талент и квалитет, небаре доаѓаат од стручно музичко училиште каде што учат пеење, вокални техники и однос на сцена ’’ – ги пренесуваат впечатоците струмичките гимназијалци на училишниот сајт.

СОУ „Јане Сандански’’ веќе петта година по ред учествува во музичкиот натпревар на МАССУМ под менторство на професорката Анита Станковска.

Comments are closed.