Кривични пријави за двајца струмичани и Бугарин за злоупотреба на безвизниот режим

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.А.(36) од Струмица, Е.В.А.(29) од Р. Бугарија и Т.С.(38) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сториле  кривично дело ,,злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“.

srpska-policija-1351433644-2241751

Пријавените при крајот на месец ноември 2013 година поттикнале и организирале патување на три државјани на Република Македонија во Република Германија каде со цел стекнување на социјални и економски права побарале азил спротивно на прописите на државите членки на Европската унија и на  Шенгенскиот договор. Со извршување на кривичното дело пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 46.125 денари.

Comments are closed.