Општина Струмица донесе плански документи за превенција од природни непогоди и други несреќи

Согласно позитивната законска и подзаконска регулатива, општина Струмица донесе  Проценка на загрозеност и План за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи, а кои беа усвоени на последната седница од членовите на Советот.

Природните непогоди на подрачјето на општина Струмица досега предизвикуваа главно материјални штети од помали и поголеми размери, но претставуваа и опасност за животот и здравјето на населението.

 Целта на Проценката за загрозеност на подрачјето на општина Струмица е да се предвидат можните опасности, а врз основа на тоа да се изработат и мерките за заштита и спасување со конкретни превентивни дејства и мерки за отстранување на последиците. Во оваа Проценка се презентирани податоци за природни непогоди од поголем обем во периодот 2004 – 2015 година. Во овој период во 11 природни непогоди била предизвикана вкупна штета од околу 8 милиони евра, од кои 7.400.000 евра се штети од поплавите. Ова е само проценка на пријавените директни штети, ако се земат во предвид непријавените и индиректните штети, бројката е многу поголема.

 Во Планот за заштита и спасување се дадени конкретни активности со конкретни задолженија за делување во услови на непосредна опасност, за време на опасноста и за санирање на последиците од природните непогоди и други несреќи.

 Врз основа на Процената на загрозеност и Планот за заштита и спасување, донесени се и Оперативен план за заштита и одбрана од поплави и Програма за дезинсекција и дератизација на подрачјето на општина Струмица.

 Усвоените плански документи се добра основа за регулирање на превентивното делување и дејствување во услови на природни непогоди и други несреќи.

Comments are closed.