Одржана првата информативна средба за малите и средни претпријатија

Како дел од проектот „Формирање на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион”, денеска се одржа првата информативна средба на бизнис заедницата од Струмица, организирана од „Гешталт Солушнс.’’ и Регионалниот бизнис центар, формиран во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

gestalt 025

На средбата, преставниците на бизнис секторот имаа можност да се запознаат со работата на Регионалниот бизнис центар и услугите кои ги нуди, како и програмите наменети за поддршка на приватниот сектор кои ги нудат Агенцијата за вработување на Р. Македнија и Агенцијата за подршка за претприемништвото на Р. Македонија. Покрај тоа, бизнис заедницата се информираше за користење на достапни национални програми и Европските фондови кои би довеле до зголемување на конкурентноста на планските региони преку поддршката за мали и средни претпријатија и претприемништво.

gestalt 034

Според Жулиета Ѓуркова, раководител на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, средставата од Европските фондови не се доволно искористени од страна на компаниите поради неинформираноста.

„Малите и средни претпријатија ретко ги користат Европските фондови бидејќи не се доволно информирани и немаат консултантска поддршка во делот на аплицирање. Апликациите се премногу сложени и самостојно ретко која фирма би можела да ги изработи. Затоа, ние сме тука да помогнеме во делот на изработката. Покрај тоа, нашата задача е да информираме за секој нов повик за аплицирање и да даваме дополнителни информаци ’’ – вели Ѓуркова.

gestalt 033

Како во општина Струмица, информативна средба со бизнис секторот ќе се одржи и во Гевгелија на 17 април.

Comments are closed.