Советот на општина Струмица ја одржа 26-та седница

Членовите на Советот на општина Струмица на денешната 26-та седница ги усвоија предлог – буџетскиот календар за подготовка и донесување на буџетот на општината за 2016 година, предлог – проценката на загрозеност на територијата на општина Струмица од природни непогоди и други несреќи, предлог – план за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи.

11052430_797323316987767_7758713395610480144_n

Зелено светло добија и извештајот за работата и годишната сметка со финансов извештај на ЈПКД „Комуналец“ за 2014 година и годишните сметки со финансиски извештај на основните и средните општински училишта и на ЈОУДГ „Детска радост“.

Беа усвоени и повеќе предлог – одлуки од областа на урбанизмот.

11127566_797324283654337_2819284943567533447_n
-Трите точки кои што беа повлечени од областа на урбанизмот, односно за легализација на бесправно изградените објекти не ги гласавме, затоа што ако ги гласавме и усвоевме како негативни ќе пропаднат барањата на граѓаните за легализација на објектите и не ќе можат да си ги легализират. За да може Советот да излезе во пресрет ги одлага точките за корекција на нивните геодетски елаборати кои што ги имаат приложено, а едната е повлечена за да се излезе на лице место за да се утврди фактичката состојба како би можело да се излезе во пресрет на тие граѓани за да си ги остварат правата при легализацијата на бесправно изградените објекти, изјави Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица

Comments are closed.