Како една од најинтересните карневалски групи кои учестуваа на овогодишниот Раковачки карневал во Белград, Здружението „Струма’’ настапи во емисијата „Жикина шареница“ на Радио – телевизија Србија.
Во студиото гостуваше и претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, како претставник на Федерацијата на европските карневалски градови (ФЕКК).
Покрај Здружението „Струма’’, на Раковачкиот карневал учествуваа и учениците од ООУ „Герас Цунев’’ од Просениково, со маската „ ГМО моркови’’
Comments are closed.