Маџиров за Н.Македонија: Името Македониjа одамна jа има поразено географиjата

На странците секогаш Македонија им звучи како да е надвор од Балканот или од какви било просторни и идеолошки групирања. Тоа име одамна ја има поразено географијата и се има вгнездено во јазикот на светското присуство. Она што ме држи жив е сознанието дека поезијата тивко се бори со сите нагласени теории за историска или национална предодреденост. Во поезијата сѐ уште има простор да се освојува без да се убие, вели Маџиров

Photo-1---NM

Каролин Форше во истакнатото американско списание „Поетри интернешнел“ напиша дека вашето презиме всушност значи „човек без дом“ и додава дека „се откажувате од корените и станувате поет на шансата, на случајните средби“. Се чувствувате ли така? Што претставува „домот“ за вас?
- Маџир значи бездомник на арапски јазик. За да немаш дом, треба да сонуваш за него. Или да го пронаоѓаш во секоја сенка од зграда со светнати прозорци, во снег што ги затрупал сите стапки и лопати, во чекалница на аеродромите кога сите гледаат нагоре кон распоредот на летовите, а не кон бога. Номадите се совршени космополити, бидејќи не само што го оставаат домот зад себе, тие никогаш со себе немаат мапи на закопани богатства или приврзоци со десетици клучеви. Историскиот нагон за акумулација нѐ прави тешко подвижни, но толку многу преселби и прогонства се случиле на овие наши простори, што е нормално корењата и темелите да ни значат повеќе од лисјата и покривите. Се зборува дека Станеску, венценосецот на Струга, починал како последица на воспаление што го има добиено од студот како гостин на една свадба, зиме, во сѐ уште недоградена куќа. Дом без врати и прозорци да биде причина за смрт – метафора за тежината на слободата.

Целото интервју на НОВА МАКЕДОНИЈА

Comments are closed.