Марија Јовевска го претстави романот „Сети се да ме заборавиш’’ во Струмица

Младата авторка од Струмица ,Марија Јовеска пред струмичката публика синоќа го престави својот роман „Сети се да ме заборавиш”.

Марија пишува под псевдоним Мариа Јова, а нејзината прва издадена книга е добитник на ,,Романијадата”, конкурс објавен од страна на издавачката куќа ,,Култура” по повод 70 години постоење која има за цел да афиримира трудови на млади, необјавени автори.

„Марија е македонскиот Гијам Мисо, уште со првата страница Ве плени и сакате да ја прочитате што побрзо книгата. Романот ќе ја одбележи 2015 година’’ – вели Ана Ќуфкарова, извршен директор на „Култура’’.

Марија Јовевска е родена 1995 година во Струмица и моментално е студент на Архитенктонскиот факултет во Виена. Добитничка е на многу национални и интернационални награди за литераура.

Промоцијата на ,,Сети се да ме заборавиш” e поддржана од Општина Струмица.

Comments are closed.