Минимална победа на Тетекс против Турново во Купот на Македонија

Работнички и Тетекс остварија идентични победи од 2:1 во првите полуфинални натпревари од Купот на Македонија.

Фудбалерите на Тетекс на стадионот „Борис Трајковски” славеа против Турново откако Јовановски постигна два погодоци во 42та и 47та минута од натпреварот. Мутафчиски ги постави конечните 2:1 во 65та минута од натпреварот.

Фудбалерите на Работнички поведоа со 1:0 откако Вујчиќ го реализираше пеналот во 32та минута. Во вторниот дел од натпреварот Алтипармаковски го зголеми водството на Работнички на 2:0. Во 64та минута од натпреварот Емини ја намали предноста на Работнички на 2:1.

Реванш натпреварите се закажани на 15 април.

kup-makedonija-500

Александар Ванев

Comments are closed.