Полицијата спровела контрола над пешаци и возачи

Три покарактеристични кражби се случиле минатата недела во Струмица, известуваат од СВР Струмица. Ограбени се моторно возило, стовариште и едно лице при што крадците со себе однеле пари, акумулатор, авторадио, мобилен телефон и старо железо и причиниле материјална штета од 5.000 денари.

srpska-policija-1351433644-2241751

Во последниве седум дена во полицијата се пријавени  шест физички напади, а се случиле две сообраќајни незгоди во кои се повредени две лица.

Спроведени се и акциски контроли на почитување на правила од страна на пешаците и откривање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Во двете контроли констатирани се вкупно 58 прекршока.

Comments are closed.