Трајче го исполни својот сон – запеа со Тони Цетински во „Сава центар’’

Трајче Горгиев ја исполни својата голема желба. Го запозна својот омилен пејач Тони Цетински и уште многу повеќе од тоа – заапеја со него на сцената познатиот хит „Од милијун жена’’. Концертот се одржа во белградскиот „Сава центар’’ на 13 март.

Capture

Како што веќе изјави претходно, поканата да биде гост на концертот, за Трајче беше голема чест.

„Кога ме повикаа да дојдам во Белград, прво не знаев зошто, но кога ми рекоа дека ќе пеам со Тони Цетински кој ми е идол, немаше посреќно дете од мене. Да пеам на толку голема сцена со својот идол е неверојатно. Не знаев што да кажам. Родителите ми рекоа дека само ми се вцрвениле образите’’ – изјави Трајче за Светплус.

Од друга страна, ни Тони Цетински не ја сокрива поддршката за Трајче. Тој веќе неколку пати јавно покажа симпатии за талентот на младиот струмичанец.

Comments are closed.