Кумановец за 300 евра договорил илегално превезување на струмичко семејство во ЕУ

Против Кумановецот С.С. (39) поднесена е кривична пријава за обид на илегално пренесување на струмичко семејство од село Банско во Република Србија, пишува во дневниот билтен на СВР Струмица.srpska-policija
Минатиот месец полициски службеници кај м.в „Киселица“, на македонско-српската граница, забележале три лица како ја преминуваат државната границата од Р. Македонија кон Р.Србија при што ги привела лицата С.С.(39) и семејството А.А.(30), Џ.А.(27) и две малолетни деца на возраст од една и четири години од Струмица, со место на живеење во Банско.
На лицата Џ.А., А.А. и С.С. им се изречени платни налози, а по извршениот разговор со А.А. истиот изјавил дека за сума од 300 евра претходно се договорил со пријавениот да ги префрли и им организира превоз заедно со неговото семејство илегално да ја преминат државната граница од Р.Македонија кон Р.Србија и оттаму со друг превоз да бидат превезени до Р.Германија.
Кумановецот С.С. се сомничи за кривично дело злоупотреба на безвизен режим на Шенгенскиот договор.

Comments are closed.