Утре ќе заседава Советот на општина Струмица

Струмица утре ќе ја одржат дваесет и петтата седница на Советот.

Предвидените точки на дневниот ред се следните:

DSC_8902

  1. Предлог-Завршна сметка на Буџетот на општина Струмица за 2014 година;
  2. Годишен извештај на Општина Струмица за 2014 година;
  3. Извештај за реализација на Програмата за уредување  на  градежното земјиште на подрачјето  на општина  Струмица за 2014 година;
  4. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на општина Струмица за 2014 година;
  5. Извештај за реализација на Програмата за изработка на  урбанистички планови во Општина Струмица за 2014 година;
  6. Извештај за реализација на Програмата  одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на општина Струмица за 2014/2015  година во зимски услови;
  7. Предлог-Одлука за  измена  на распоредот  на средствата во Буџетот на општина Струмица за 2015 година;
  8. Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион  за 2014 година;
  9. Годишен извештај за работата на Локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“ Струмица, со финансиски извештај и завршна сметка за 2014 година;

10. Извештај за работата на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица, со финансиски извештај и завршна сметка за 2014 година;

11. Извештај за работата на Општинската установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица за 2014 година;

12. Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ – Струмица за период од 01.01. до 31.12.2014 година;

13. Годишна сметка на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ Струмица  за 2014 година;

14. Одлука за рaспоредување на добивката остварена по годишната сметка и финансиските извештаи на ЈП „Паркиралишта-Струмица“;

15. Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица;

16. Годишен извештај за работата на ЈПЕД „Струмица – гас“ – Струмица за  период од 01.01. до 31.12.2014 година;

17. Годишна сметка на ЈПЕД „Струмица гас“ Струмица  за 2014 година;  и

18. Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈПЕД „Струмица гас“ Струмица.

 

Comments are closed.