Наскоро Родокрајни поетски средби во Струмица

По повод Светскиот ден на поезијата, Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ ќе организира третите „Роднокрајни поетски средби“. Настанот ќе се одржи во „ Sub Club’’  - Струмица на 20 март, со почеток во 20:00 часот.

Во чест на денот на Светскиот ден на поезијата најпрво ќе биде прочитано поетското слово кое за Македонија годинава ќе го упати поетот Владимир Мартиновски. Со книжевни собири, создавање нови стихови, фестивали, поетски слем-вечери низ континентите во цел свет ќе се прослави 20 март, Светскиот ден на поезијата. Поети од целиот свет ќе испратат пораки во чест на стиховното творештво, кое е дел од вековната историја и култура на човештвото.

Во една речиси нова атмосфера, но со желба да постане традиција, годинава по втор пат во Струмица ќе се обележи овој ден кој е важен за сите оние кои се занимаваат со книжевност, а посебно и како мапирање на уште едно издание на „Роднокрајните поетски средби“, кои исто така имаат тенденција да станат препознатлив настан на кој ќе се промовираат автори од Струмица и пошироко.

„Филозофијата ја дели судбината на поезија и тие постојано одат заедно, зашто на пеењето му е потребно мислењето исто како што и на мислењето му е повеќе од потребно пеењето.“

Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција на истите. Доближување на нивното творештво поблиску до читателите и афирмација на роднокрајното творечко перо. По реализирањето на првите две организирани роднокрајни поетски средби на кои учество земаа дваесетина автори од Струмица и регионот се планира оваа манифестација да стане традиционална и да се одржува редовно секој месец.

1016461_10153159402017790_7447987316134159740_n

„Поезија и дружење, испразни ги деновите што тежат, наполни ја душата со стихови…

Иако можеби некој ќе си помисли дека поезијата сè помалку се чита, а списанијата сè помалку ја застапуваат оваа книжевна форма, поезијата сè уште постои, можеби нејзиниот животен простор станува видливо сè потесен и потесен, затоа и овој пат „Роднокрајните поестки средби“ ќе направат нов резерват во кој ќе го заштитат овој заштитен и редок вид на изразување, со што ќе помогнат во успешното зачувување и пренесување на идните генерации.

Да го прославите заедно СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА со РОДНОКРАЈНИТЕ ПОЕТСКИ СРЕДБИ!

На третите „Роднокрајни поетски средби“ е планирано да настапат десетина поети со нивното поетско творештво, но доколку сте и вие заинтересирани, слободно можете да се пријавите преку e-mail на kontextsr@gmail.com

Митко Гогов

Comments are closed.