Комплетирано колото, Турново останува на седмата позиција

Денес со натпреварите помеѓу Шкенија – Пелистер и Силекс – Тетекс беше комплетирано 19. коло во Првата македонска фудбалска лига. 

Шкендија беше поуспешна на домашен терен против Пелистер со 2:0, со што Турновци остануваат на седмата позиција и понатаму на предност од 3 бодови. Силекс беше убедлив против Тетекс со резултат од 3:1.

1044668_1394238094128924_1781589048_n

Во следното коло Турново на домашен терен го пречекува лидерот Вардар. На последните 5 кола Вардарци три пати успеале да слават, еднаш загубиле и еднаш одиграле нерешено, додека Турново на последните 5 натпревари забележале три порази, едно реми и една победа.

Оваа сезона и двата натпревари одиграни помеѓу овие две екипи завршиле нерешено односно 0:0.

20. коло се игра во недела со почеток од 14 часот.

Александар Ванев

Comments are closed.