Вечерва во Скопје отварање на изложбата „Улица љубов“ на струмичанецот Ване Костуранов

Во галеријата на Младнскиот културен центар вечерва во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата „Улица љубов’’ на струмичанецот Ване Костуранов.

5FDB042F-034B-4D67-AD53-4E16AC7D8BA7_w640_r1_s
Изложбата ќе ја отвори поетот Никола Маџиров.

„Куќите на Ване Костуранов изгледаат природно надвор од симболите на градот, надвор од природните синџири на урбаната законитост. Во неговите животворни улици, куќите се вертикали на присуството во потрага по свој дом’’ – вели Никола Маџиров.

1907451_10205208802553456_4607780081401310448_n
Ване Костуранов е сликар, роден 1979 година во Струмица. Активно се занимава со сликарство петнаесетина години. Учествувал на повеќе групни изложби, а одржал и 9 самостојни. Уште како дете повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови.

Comments are closed.