„Комуналец“ почна со пролетното хортикултурно уредување на градот

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почна со активностите за пролетно хортикултурно уредување на градот.

Деновиве се уредуваат жардинериите на булеварот „Ленинова“, на потегот од крстосницата со улицата „4-ти јули“ до крстосницата со булеварот „Маршал Тито“ (поранешен СОК), а ќе се засадат и нови видови на дрвца.

20150309_093730

Активностите ќе продолжат на плоштадот „Гоце Делчев“ каде ќе се засадат листопадни дрвца кои ќе формираат поголеми крошни за поголеми сенки во летниот период, а на одредени површини ќе се засадат и сезонски цвеќиња.

Во планираните пролетни активности на ЈПКД „Комуналец“ е и уредувањето на дворот на домот на АРМ. Пред влезот во истиот од двете страни ќе бидат поставени клупи, а ќе се изврши и соодветно хортикултурно уредување.

 

Comments are closed.