Предложете и организирајте ваш настан на ОПЕН фест 2015

Подготовките за најголемото летно случување во југоисточна Македонија започнуваат со прибирање предлози и нови идеи од граѓаните. концертхармоника

На официјалната страница на фестивалот од денес стои повик со прашалник преку кој на едноставен начин може да концепирате целосно нова и сопствена идеја за настан кој сакате да се одржи ова лето. Секој предлог ќе биде разгледан, а секој предлагач контактиран.

http://sof.mk/predlozi-proekt.html

„Уште од раѓањето на фестивалот креираме една успешна приказна со помош на бројните сугестии, критики и предлози од граѓаните. Организацијата на фестивалот е во рацете на сите кои имаат нешто да споделат со искрена желба за напредок на ОПЕН фестивал”, велат од здружението Културен забавен живот.

Освен трите музички вечери, фестивалот досега прикажуваше богата културно-уметничка, забавна и едукативна програма со над 70 настани во 3 години постоење. Ликовни колонии, вечери на поезија и афоризми, вечери на театар и филм, трка на келнери, хип хоп револуција, класични концерти… се настани кои биле и дел од нив ќе бидат на програмата и за годинашното издание на ОПЕН фест.

За наредниот период се најавува објавување нови конкурси за ангажман на фестивалот, прашања за дискусија и предлози за музичката програма.

Comments are closed.