Струмичанец не сакал да го сопре возилото, полицаец пукал во воздух за предупредување

Kaко што пишува во дневниот билтен на СВР Струмица, утринава околу два часот по полноќ, на локалниот пат Гевгелија – село Богородиц,а полициски службеници се обиделе да сопрат возило со струмички регистерски таблички, а возачот наместо да застане ја зголемил брзината и се упатил кон Скопје.

polici

Полициските службеници го стигнале возилото и откако полицискиот службеник излегол и се упатил кон него, возачот нагло тргнал со возилото кон него, при што од страна на полицискиот службеник испукани се неколку куршуми во воздух за предупредување.

Возилото по кратко време пак е сопрено и утврдено е дека го управува 40-годишниот А.М. од Струмица, кој заедно со четворица сопатници кои биле со него се приведени.

извор: http://www.mvr.gov.mk/

Comments are closed.