Реализирани работилници за следење на работата и планирањето на професионалниот развој на наставниците и стручните соработници

Во рамките на проектот за професионален и кариерен развој на наставниците и стручните соработници во основното и средното образование, кој го спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование-Скопје, општина Струмица е избрана за пилот општина.

IMG_5196

Во овој период започнаа да се реализираат обуки по упатството за следење на работата и планирањето на професионалниот развој на наставниците и стручните соработници во општинските основни и средни училишта. Во обуките се опфатени наставници и стручни соработници од четири основни училишта: „Сандо Масев“ и „Маршал Тито“ од Струмица, „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле и „Маршал Тито“од Муртино.

IMG_5191

 На одржаните работилници се разгледани компонентите кои ќе им помогнат на училиштата за систематско планирање и реализирање на професионалниот развој, идентификување и промовирање разновидни видови на поддршка, изнаоѓање начини за правилно и одговорно користење на човечките и материјалните ресурси, а следењето на работата на наставниците да допринесе во функција на професионалниот развој. Како основен предизвик на наставниците и стручните соработници им беа доставени обрасците кои треба да се пополнуваат за вреднување на планирањата, самоевалуацијата, за личниот план на професионален развој,  со опфат на компетенциите кои треба да се подобруваат во секојдневната училишна пракса на училиштата.

IMG_5190

 Наставниците и стручните соработници по оваа обука имаат обврска да ги дадат своите мислења и предлози во врска со сите обрасци наведени во упатството, за во наредниот период да започне разгледувањето на елементите за таканаречениот кариерен развој на наставниците и стручните соработници.

IMG_5180 IMG_5161

Comments are closed.