Општина Струмица: Струмичкиот карневал потврди дека е меѓу 20 најдобри во светот

Уште едно прекрасно карневалско издание беше презентирано минатата ноќ во Струмица.

1510770_736426376473943_8942514335577197004_n

Во интернационалната карневалска поворка продефилираа 52 карневалски групи од градот домаќин, но и од другите градови во Македонија и групи од Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Турција.

Разновидните маски во кои се вложени многу труд и љубов, а се подготвуваа со месеци ги воодушевија и домаќините и многубронјите гости кои дојдоа за да бидат дел од најголемата забава под маски во државата.

10993497_736734889776425_4274312362432885456_n

Денеска во своите маски уживаа и децата во традиционалниот детски карневал кој се одржува на Прочка.Со годинашаната карневалска понуда Струмица го потврди своето место меѓу 20-те најдобри карневали во светот.

Comments are closed.