Градоначалникот Заев:Добредојдовте на еден од најдобрите 20 карневали во светот

„Добредојдовте во Струмица, добредојдовте на еден од 20-те најдобри карневали во светот“ вака градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, ги поздрави гостите на струмичкиот карневал на приемот кој што се одржа во нивна чест.DSC_8235 Претседателот на Федерацијата на европските карневалски градови, Фердинанд Ван дер Крон, амбасадори и конзули, претставници на карневалските групи од странство, претставници на збратимените градови, беа само дел од присутните на приемот кој што се одржа во домот на АРМ во Струмица.

-Честа што ни ја укажувате секоја година и оваа, е драгоцена од два аспекти, првиот аспект е тоа што изразувате огромна почит кон нашиот град,  кон нашата манифестација и вториот е што квалитетот на вашите маски кои што ги претставувате пред струмичани, го збогатуваат и прават толку силно позитивно афирмиран струмичкиот карневал. Да не заборавиме дека сте гости на еден од најдобрите 20 карневали во светот. Од мое лично име, од името на Советот на општината, од името на карневалскиот одбор и најважно од името на граѓаните на општина Струмица ви посакувам добредојде во Струмица, рече градоначалникот Заев.

DSC_8242

Во знак на взаемна почит и долгогодишно пријателство, домаќините и гостите на приемот си разменија пригодни подароци.

DSC_8246 DSC_8297 DSC_8313 DSC_8337 DSC_8386 DSC_8398

Comments are closed.