Музичкото училиште „Боро Џони“ приреди концерт за паметење

Минатата година беа маскирани во ликовите од бајките, а оваа година учениците и професорите од Основното музичко училиште „Боро Џони’’ инспирацијата за „Концерт под маски’’ ја пронајдоа во операта.
Традиционалниот концерт во рамките на Струмичкиот карневал се одржа синоќе во НУЦК „Антон Панов’’, а 150 ученици приредија нешто поинакво за публиката – 12 оперски арии на француски, италијански и латински јазик.
Како благодарност за допринос на карневалот на Клара Патарова, директорката на ОМУ „Боро Џони’’, и беше доделен сребрен медал од FECC.

Comments are closed.