Трајче Георгиев во топ 5 фаворитите за победа во „Звездичките на Пинк’’

Според анкетата што ја спроведе српскиот магазин „Пулс’’ на својот портал, Трајче Георгиев се наоѓа во топ пет фаворитите за победа во музичкото шоу „Зведичките на Пинк’’. Во анкетата учествувале преку 50.000 луѓе.
На прво место како фаворит за победатата се наоѓа Игор Лазаревиќ со 20,5% гласови, на второ Матеја Вукашиновиќ (19,9%), на трето Лена Стаменковиќ (10%), на четврто Трајче Георгиев (9,4%) и на петата позиција Давид Радосављевиќ (6%).

10988521_415880588580525_6823665605310249511_n
„Себе се гледам во финалето, а тоа ми го рекоа и членовите на жирито. Но, не се оптеретувам многу со тоа да треба да победам. Се пријавив да се слушнам себе си како пејам и да стекнам искуство на таква сцена. Некако сега ме гледат како да сум познат, популарен, се фотографираат со мене. Сето тоа ми е чудно помалку, но секако дека ми годи. Мислам дека најголем конкурент ми е Марија Сердар’’ – изјавил Трајче за „Пулс’’.

Музичкото шоу „Звездичките на Пинк’’ на тринаестогодишниот Трајче Георгиев му донесе изненадна и голема  популарност во Струмица. За кратко време, тој стана миленик на струмичани, претежно помеѓу тинејџерките кој секој момент го користат да се фотографираат со него.
Инаку, песната „When I was your man’’ во изведба на Трајче Горгиев на Јутјуб каналот има забележани неверојатни 1.415. 375. прегледи до сега.

Comments are closed.

Web