Струмичките средношколци на протест поради полагање на математика на матура

Средношколците од Струмица со мирен протест го изразија своето незадоволство за задожителното полагање на математика на државната матура.
Тие сметат дека им е одземено правото на избор за полагање предмет според Законот за образование.

DSC_8136
„Не сме сите родени за да ја совладуваме математиката. Никогаш не можеме и не смееме да ја споредуваме со мајчиниот јазик. Тој што ја сака треба да има можност да избере да ја полага, а не да се налага сите да полагаме. На некому афинитетите му се кон јазиците и сака да полага некој странски јазик на државната матура со цел да му придонесе повеќе поени за упис на некој од факултетите. Ние не сме експериментални глувчиња ниту пак овци за да не тера некој како што си сака. Подобро би било да полагаме приемен испит по математика на факултетите каде што е опфатена, одколку задолжително да полагаме математика на државната матура ’’ – порачија средношколците.

DSC_8131
Протестот се одвиваше со шетање на ученици од сите средни училишта од плоштадот „Гоце Делчев’’ низ улиците на центарот на градот.

Comments are closed.