Здружението „НОВУС’’ ќе спроведе анкета дали струмичани веруваат во независно и објективно судство

Здружението „НОВУС“, како организација, која што делува на локално, регионално и национално ниво, и чија што цел е промовирање на европски вредности и политики во рамките на „Мрежа 23“, проект финансиран од Европската унија го спроведува проектот „Независноста и објективноста на правосудството во општина Струмица согласно Поглавје 23 – втемелени постулати или предизвик за реформи“.

Лого

Независноста и објективноста на правосудниот систем, како една од темелните вредности воопшто на Европската унија, како клучна област од поглавјeтo 23 е политика која треба да се применува, усовршува и зајакнува. Согласно последниот Извештај Европската Комисија за напредокот на Република Македонија, оваа област забележува уназадување и ќе претставува клучен сегмент врз кој ќе се мери напредокот на земјата во процеост на пристапување. Аналогно на тоа, главниот проблем кој ќе биде опфатен со овој проект е независноста и објективноста на правосудниот систем на локално ниво, односно, колку судството на ниво на општина Струмица е непристрасно и објективно.

Основната хипотеза поаѓа од тоа дека за да се даде одговор на ова прашање и да се изнајдат соодветни решенија за унапредување на оваа политика и зајакнување на капацитетите на правосудството, потребно е да се направи сеопфатна анализа која ќе биде базирана на податоци кои ќе бидат добиени со примена на различни методи.

Еден од начините за собирање на податоци за успешна имплементација на проектот е анкетирање на околу 250 граѓани во сооднос 60% од градот и 40% од руралните места, запазувајќи го соодносот 50% мажи и 50% жени. Тоа е репрезентативен примерок преку кој ќе се добие јасна слика за тоа дали граѓаните веруваат на правосудните органи во општина Струмица.

Анкетата можете да ја најдете на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/1Srh0nG5pRlxRjdx9TcWhbuj_PDIcaChQhk7mtRD-zjA/viewform

Comments are closed.