Пет кражби за недела дена во Струмица

Стан, куќа, шума, црква, товарно возило и продавница се ограбени минатата недела на подрачјето на општина Струмица, извесуваат од СВР Струмица.kradec1
Од овие места однесени се пари, алат, прехранбени производи и дрва, а крадците направиле вкупна материјална штета од 370.000 денари.
Во периодот од 2 – 8 февруари се случиле две сообраќајни незгоди во кои повредени се 4 лица, а пријавени се и два физички напади во полицијата.
Струмичката полиција спровела и две акциски контроли на откривање на возачи кои управуваат под дејство на алкохол и контрола на брзината на возење. Во акциите се констатирани вкупно 44 прекршоци.

Comments are closed.