Заев: Сум бил прислушкуван кога разговарав со моите партиски колеги,со луѓе од Општина Струмица, со граѓаните…

Зоран Заев, градоначалник на општина Струмица и претседател на СДСМ, на денешната прес – конференција во Скопје го обвини премиерот Никола Груевски и деректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, за тајно прислушкување на телефонски разговори. Тој изјави дека бил прислушкуван најмалку 4 години.
„Само ова ЦД покажува дека сум бил следен и прислушкуван не 14 месеци, не 24, туку околу 48 месеци! Можеби и повеќе. Сум бил следен и прислушкуван и кога не бев лидер на СДСМ, како разговарам со мои партиски колеги,со луѓе од Општина Струмица, со граѓани, како разговарам со моите деца’’ – изјави Заев.7015gasgasgasmala Тој додаде дека ќе поднесе кривична пријава до правосудните органи иако нема доверба во овој облик на власта.
„Кривичната пријава ја поднесувам за да оставиме трага, за да покажеме дека го почитуваме Уставот и законите во нашава земја’’- рече тој.

Заев вели дека во прилог на кривичната пријава ќе достави повеќе од 300 свои телефонски разговори со другите луѓе кои биле тајно снимени за само неколку дена.

Повеќе на www.sdsm.org.mk

Comments are closed.