Градинката „Детска радост“ доби ново возило за превоз на храна

Градинката „Детска радост“ во Струмица од денеска има ново возило за превоз на храна. Во октомври минатата година, амбасадорката на Сојузна Република Германија, д-р Кристине Алтхаузер, градоначалникот на општина Струмица,  Зоран Заев и директорката на градинката „Детска Радост“ Тинка Маркова, потпишаа договор за донација од германската амбасада, за поддршка при реализација на трилатерален проект за набавка на ново возило за секојдневен транспорт на оброци во пет детски градинки и една народна кујна во Струмица.

mobilnost germ. ambasada 125

Проектот е финансиран преку програмата за мали проекти на германската амбасада. Марина Серафимовска, стопански советник во германската амбасада, денеска и го предаде клучот од новото возило на Тинка Маркова, директор на градинката.

Проектот е во износ од 14.240 евра, од кои најголем донатор за купување на ова моторно возило е  германската амбасада во износ од 8 илјади евра, а останите средства се исплатени од општина Струмица и од крајниот корисник, градинката „Детска радост“.

mobilnost germ. ambasada 109

Возилото ќе се употребува за дистрибуција на храна до останатите градинки и до народната кујна која што се наоѓа во Струмица.

- И се заблагодарувам на германската амбасада и се надевам дека овој проект нема да биде последен, туку ќе имаме и други проекти, рече Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.

Претставничката на германската амбасада истакна дека со задоволство учествувале во имплементацијата на овој проект.

mobilnost germ. ambasada 085

- Голема ми е честа што денеска сум во Струмица. Повод за тоа се два проекти од програмата за мали проекти на германската амбасада. Во Струмица се погоди оваа година да имаме два проекти, едниот е поддршка на Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ каде дониравме рампа за влез во возило на лица кои што се со телесен инвалидитет и се во инвалидска количка, а исто така дониравме и грејно тело кое ќе се користи во нивните простории. Што се однесува до донацијата во детската градинка и нејзините клонови во општина Струмица, јас ви посакувам на сите со здравје да се служите со возилото уште долги години, а германската амбасада со големо задоволство го имплементираше овој проект, рече Марина Серафимовска.

mobilnost germ. ambasada 096

Од името на детската градинка, директорот Тинка Маркова, им се заблагодари на германската амбасада и на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. При тоа таа рече дека со ова возило ќе се подобри навременото и безбедно дистрибуирање на храната помеѓу петте детски градинки и една народна кујна.

Возилото ги исполнува сите светски стандарди за превоз на храна (НАССР) како и нормите за издувни гасови, со што ќе придонесe за поголема безбедност на храната за најмалите и помало загадување на животната средина.

mobilnost germ. ambasada 120 mobilnost germ. ambasada 118 mobilnost germ. ambasada 115 mobilnost germ. ambasada 098 mobilnost germ. ambasada 093

Comments are closed.