Струмица и пет населени места останаа без вода за пиење поради дефект на главниот цевковод

Струмичани и жителите на  петте населени места Просениково, Добрејци, Дабиле, Градско Балдовци и Баница денеска се без вода за пиење. Во текот на раните утрински часови, а како резултат на испуштање на вода од браната „Турија“ направена е штета, односно, скината е главната доводна цевка за водоснабдување на општина Струмица.DSC_7615

-Се работи за оштетување на главниот цевковод кој што ја носи водата до нашата филтер станица. Тоа се случило меѓу 5,30 и 6 часот, но не по вина на комуналното претпријатие, по вина на субјективни други фактори кои што јас сега во моментот не можам да ги потенцирам или нагласам и затоа на терен увид вршат МВР и Јавното обвинителство за да ги утврдат причините на кој начин е настанато оштетувањето на нашиот цевковод. Чекаме да се изврши увидот и потоа настапуваме ние со механизација, целата екипа на „Комуналец“ е подготвена да се соочи со овој дефект. Еве еден апел до граѓаните, дека денес и утре до попладневните часови градот Струмица и населените места ќе останат без вода за пиење, затоа апелирам граѓаните да се снабдат со вода за пиење, а воедно ние како комунално претпријатие и општина Струмица ќе го снабдуваме градот со цистерни на одредени пунктови се со цел граѓаните полесно да го поминат овој недостаток од вода. Се надеваме дека во најкраток можен рок со сите сили со кои располагаме, заедно општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ ќе се справиме со овој дефект и во најбрзо време да го завршиме.

DSC_7668 DSC_7651 DSC_7639 DSC_7627 DSC_7623 DSC_7618 DSC_7615

Comments are closed.