Има ли волонтерството во Македонија бенефит или не – ќе се расправа во четврток на дебата

На 5 февруари со почеток во 18 часот, во Домот на АРМ ќе се одржи дебата на тема „Волонтерство – има/нема бенефит?!“. Дебатата ја организира Центарот на заедницата на општина Струмица во соработка со членовите на Дебатниот клуб на Младинскиот образовен форум во Струмица.

За позитивните искуства од волонтерството и стекнувањето вештини кај младите преку волонтерството ќе говорат: Зоран Узунов, општински просветен инспектор на општина Струмица, Спасе Глигоров, Сектор за управување со човечки ресурси и обуки на општина Струмица, Митко Гогов, претседател на Граѓанско здружение „Контекст“ – Струмица.

Capture

Дополнително, на дебата ќе дискутираат спротиставени тимови составени од средношколци од Дебатниот клуб на МОФ во Струмица за (не)постоењето бенефит од волонтерството.

Како дел од публиката поканети се претставници од здруженија, наставници и ученици, студенти, претставници од општинската администрација и граѓани на општина Струмица, кои ќе имаат можност активно да се вклучат во дискусијата со свои прашања и ставови.

Сите заинтересирани кои сакат да учествуваат на дебатата, за повеќе информации можат да се обратат на Танкица Таукова, на тел. 034/334-117, на е-маил: tankica.taukova@ccstrumica.mk или во Дом на АРМ, кој се наоѓа на ул. „Благој Мучето“ бб – Струмица.

Comments are closed.