И дечињата ќе имат принц и принцеза на Струмичкиот карневал

Како и кај возрасните, од оваа година и  помеѓу дечињата  ќе се бира принц и принцеза на првиот детскиот маскенбал. Оваа е новината која ја објави Организациониот одбор на Струмичкиот карневал. Одбраните принц и принцеза  ќе ја имаат честа да ја поведат поворката на Детскиот карневал кој ќе се одржи на Прочка, на 22 февруари.
DSC_5946
Она што е променето на овогодишниот Струмички карневал е и распоредот на жири комисијата во градот. Членовите на жирито, според новото правило, ќе бидат распоредени на две бини: на Булевар Маршал Тито (кај „Тинекс’’) и на плоштадот Гоце Делчев. Карневалските групи кои ќе сакат да влезат во трката за најдобра маска ќе мора да се претстават пред сите членови на жирито.
Исто така, Струмичкиот карневал ќе го одбележи и прославувањето на 25 години од обновената организирана форма. За јубилејот, како ретроспектива  карневалските групи од Струмица ќе ги престават  своите најуспешни маски на таканаречената „царската свита’’.
Целата програма за Струмичкиот карневал можете да погледнете на следниот линк:

Comments are closed.