Најдобрата карикатура и афоризам за Струмичкиот карневал оваа година доаѓа од Бугарија

На овогодишниот Меѓународен фестивал за афоризам и карикатура „Струмица 2015’’ кој се одржува во рамките на Струмичкиот карневал, Валентин Георгиев од Бугарија освои златна плакета за најдобра карикатура додека афоризмот на Веселин Зидаров, исто така од Бугарија, е прогласен за најдобриот.10425491_913263382059790_8978119861910174812_n
Сребрената плакета во категорија карикатура ја доби Хрватот Слободан Бутар, а бронзената ја освои Дору Аксинте од Романија.
За најдобар напишан афоризам сребрената плакета ја доби Македонецот Горан Марковски, а бронзената струмичкиот афористичар Ацо Ѓоргиев.
Фестивалот на афоризам и карикатура се одржува по шестнаесети пат. Оваа година на натпреварот се пријавени 200 карикатури и 400 афоризми, инспирирани од карневалот и еротиката.
Наградите на најдобрите карикатуристи и афористичари ќе бидат врачени на 23 февруари.

10413398_913264685392993_9115583457376507401_n 1450945_913264485393013_1360056148675635815_n 10408663_913264528726342_524862878235131997_n 10470246_913264408726354_4905308856377945515_n

фото: Сречко Гунчев

Comments are closed.