Над 100 барања за проценка на штетите од поплавите поднесени во месните заедници

Општина Струмица по поплавите ја ангажираше општинската администрација и ги отвори канцелариите на месните заедници во најпогодените населени места, Сачево, Просениково, Муртино и Дабиле. Само за неколку часови од страна на жителите поднесени се над 100 барања за проценка на штетите од поплавите.

Во зависност од потребите на граѓаните, општинската администрација и во текот на денешниот ден ќе биде подготвена за прифаќање на барањата. Граѓаните кои не можат да поднесат барања во канцелариите на месните заедници тоа ќе можат да го направат од понеделник во општина Струмица, а со себе треба да понесат лична карта, број на трансакциска сметка и копија од имотен лист.

DSC_7302 DSC_7300 DSC_7295 DSC_7293 poplavi 1 10952193_641063882682792_1315470973_n 10950858_641063896016124_1720733214_n 10952176_641064789349368_876453994_n 10949702_641064239349423_666343093_n 10947831_641063682682812_51602256_n 10947562_641063866016127_1567502166_n 10937724_641063806016133_2091238033_n 10937690_641063309349516_1826537175_n 10937637_641064002682780_1378464616_n 10934736_641063242682856_495621378_n

Comments are closed.