Учествувајте во натпреварот за најдобра фотографија од Струмичкиот карневал 2014

Отворен е конкурс за карневалска фотографија „Карневалски слики 2014“ на кој може да учествува секој кој има да сподели фотографија од последната едиција на карневалските денови во Струмица.

Фотографиите можат да се испраќаат на email адресата на Здружението Евро – Визија [evro_vizija@yahoo.com] кое е создадено да промовира културни, традиционални, естетски и мултиетнички вредности. Ова е петта година по ред да се организира конкурсот за “карневалски слики“ со кои се промовира и афирмира дополнително идејата на струмичкиот карневал, а оваа година се очекуваат уште повеќе заинтересирани фотографи.

конкурс

Доволно е само да испратите фотографија на која има забележано дел од атмосферата од минатата година со вашите лични податоци како би биле во можност да стапат во контакт со Вас членовите на жирито и на здружението „Евро – визија“.

Дали и Вие имате фотографија од последното издание на карневалот? Да се потсетиме како беше и полека да се подготвиме за уште едно спектакуларно издание! Од здружението ветуваат убави награди!

 Повикот за испраќање на фотографија е отворен до 31 јануари 2015 година (сабота).

Comments are closed.